НАШАТА ПРОГРАМА Е ЦЕЛОСНО НАСОЧЕНА КОН ПРАКТИЧНА УПОТРЕБА НА ЈАЗИКОТ

Курсеви за изучување на германски јазик

Одлична академија. Професионален тим и одличен пристап.

Оливера Мициќ

Сите часови се фокусирани на конверзација, што значи дека ќе зборувате германски уште од самиот почеток. Во текот на наставата имаме присуство на гости од Германија кои со учениците дискутираат на германски јазик. Тоа е неопходно за да се развие слух за јазикот.

Поради која причина се среќаваме со луѓе кои можеби ќе успеат да прочитаат и да разберат текст но не можат да го прераскажат? Ги немаат развиено говорните способности. Тие можеби ќе го поминат писмениот испит, меѓутоа слушање и говорење, многу тешко.

Како изгледа изучувањето на германскиот јазик во нашата академија?

Групите неделно имаат 4 часа по 60 минути. Часовите се распоредени 2 пати неделно по 120 минути. На тие часови ќе го изучувате јазикот на сите 4 нивоа, слушање, читање, пишување и зборување. Професорите постојано се фокусираат на комуникација и интеракција, што значи дека ќе го употребувате јазикот постојано.

По завршување на тие часови, еднаш неделно, ќе се одржува еден конверзациски час со гостин од Германија. Тој час е дополнителен на овие 4 и е наменет само за зборување. На тој час ќе го повторувате целиот материјал кој сте го изучиле дотогаш, меѓутоа исклучиво со зборување.

Наставата се одвива онлајн, токму поради овие конверзациски часови. Гостите се вклучуваат директно од Германија, тоа се луѓе со мајчин германски јазик, па така, за да им ја овозможиме таа интеракција на нашите ученици, часовите се одвиваат дигитално. Најчесто се користи платформата Teams.

Конверзациски курсеви

Конверзациски часови со гости од Германија.

Овој тип на настава и практична употреба на јазикот е причината поради која нашите ученици секогаш остваруваат феноменални резултати на усниот дел од испитот во Гете институт како и на делот за слушање.

Овие курсеви се наменети за сите кои го познаваат германскиот јазик и сакаат да го користат секојдневно, но им треба помош во зборување и конверзација. Оваа програма ќе ви помогне во усовршување на јазикот на високо ниво, ќе научите да водите детални разговори и дискусии на германски, а и значително ќе си го збогатите вокабуларот. По завршување на програмата ќе можете да зборувате без проблем. За овие курсеви, задолжително е познавање на минимум А2 ниво.

Зборувајте германски јазик од удобноста на вашиот дом

Секој конверзациски курс трае 12 недели (3 месеци).. Неделно се одржуваат две сесии за зборување, месечно осум. Секоја сесија трае по 60 минути и на секоја сесија се обработуваат различни теми.

Сесиите ги водат родени говорители на германски јазик, што значи дека ќе имате можност вистински да го доживеете јазикот од некој кој е роден во Германија и го зборува како мајчин.

Ние ти помагаме да ја оствариш својата цел

Стани дел од нашата академија и изгради ја својата кариера со германски јазик заедно со нас!

Контактирај не